Советот на ЕУ ќе одржи вонреден состанок на поради ситуацијата на Блискиот исток

Во Брисел попладнево ќе се одржи вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, посветен на актуелната ситуација на Блискиот исток.

На дневниот ред ќе биде моментната ситуација во Либија, а на шефовите на дипломатиите ќе им се обрати специјалниот пратеник и шеф на мисијата на ОН во Либија, Хасан Салами.

Втора точка на дневниот ред се настаните по убиството на иранскиот командант Касим Сулејмани во Ирак.

Фокус на разговорите на европските министри ќе биде деескалација на ситуацијата во регионот. Во рамки на таа дискусија на министрите ќе им се обрати и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

По завршувањето на вонредниот состанок во Брисел прес-конференција ќе одржи шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.