Белорусија мора што поскоро да започне национален дијалог со граѓанскиот сектор за мирно да излезе од сегашната криза, повикаа во средата доцна ноќта челниците на Советот на Европа, оценувајќи дека „легитимноста не може да произлезе од репресијата“.
Во заедничкото соопштение генералната секретарка на паневропската организација за заштита на човековите права Марија Пејчиновиќ Буриќ, претседателоте на нејзиното парламентарно собрание Рик Даемс и грчкиот министер Милитијадис Варвациотис, чија земја во моментов претседатева со Советот на Европа, ги повикуваат властите во Белорусија „што поскоро да воспостават сеопфатен национален дијалог“.
„Дијалогот треба да гарантира мирно излегување од сегашната криза и да го овозможи неопходните реформи кои ќе бидат од полза за сите белоруски граѓани“, наведуваат тројцата потписници и челници на организацијата чие седиште е во Стразбур.
Тие, исто така, бараат од Минск „демонстрантите веднаш да бидат пуштени на слободата, да се прекине со секое лошо постапување и да се спроведе јасна истрага за грубото постапување на силите на редот“.
Во одвоена заедничка изјава, потпретседателот на ЕУ, Жозеп Борел и канадскиот министер за надворешни работи Франсоа-Филип Шампањ ги истакнуваат „меѓународните обврски“ на Белорусија.
„Како членка на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Белорусија се обврзала на организирање демократски избори и на зашита на човековите права и основните слободи“, оценуваат двајцата политичари.
Борел и Шампањ додаваат дека ги поддржуваат предлогот на претседателството на ОБСЕ за посредување и предлагаат состанок со белоруската влада во Минск.
„Ги повикуваме белоруските власти веднаш да го прифатат овој предлог“, истакнуваат.
Белорусија, каде се одржуваат досега најмасовните протести против претседателот Александр Лукашенко кој е на власт од 1994 година, сѐ уште не е полноправна членка на Советот на Европа во кој се 47 земји, меѓу кои се и нејзините најголеми сосетки Русија и Украина, но Минск во текот на годините потпиша и ратификуваше дванаесет договори и протоколи на организацијата,.
„Сите сакаме Белорусија еднаш да му се придружи на нашето европско семејство кое споделува заеднички вредности со што ќе стане полноправна членка на Советот на Европа кој е подготвен на соработка со неа за помогне во прилагодувањето на белоруските закони на европските демократски стандарди“, заклучуваат во изјавата челниците на организацијата.
.