Советот на Европа го критикуваше во четвртокот односот на Полска кон германскити малцинство во оваа земја членка на Европската унија и негативните последици од намалувањето на наставата на мајчин јазик на само еден час седмично, како и отстранувањето на двојазичните натписи.
„Во извештајот на стручњаците кои престојуваа во Полска во март годинава наведуваат дека очигледни се негативните последици од намалувањето на наставата на германски јазик од септември минатата година“, стои во соопштението на Советот на Европа.
Во извештајот се препорачува враќањето на старата практика од три училишни часови седмично.
Советот на Европа од владата во Варшава очекува „засилени напори“ во подигнувањето на општествената толеранција кон јазичните малцинства и културното наследство.
Друга точка од критиката се однесува, пак, на слабата застапеноста на германскиот јазик во јавната управа, како и на остранувањето на повеќејазиќчните натписи од некои градови во југозападна Полска.
Според полските закони, двојазичните натписи и примената на малцинскиот јазик во јавнисте служби се практикуваат во оние локални единици каде одреденото малцинство сочинува повеќе од 20 отсто од населението.
Поради тоа, по проширувањето на границата на локалната единици на градот Опола, уделот на жителите кои го користат германскиот јазик паднал под таа граница, по што се отстранети двојазичните натписи.
Советот на Европа го критикува и отсуството на јазиците на малцинствата во јавните медиуми.
По Втората светска војна голем делови на дотогашната Германија, како Шлезија, Источна Прусија но и областите покрај реките Одра и Висла ѝ припаднале на Полска а најголемото мнозинство од жителите со германска етничка припадност поради учество во нацистичките злосторства е протерано.
Конзерватвната влада на партијата Правда и справедливост (PiS) остро ги критикува германските политики, и неретко и официјално го отвора прашањето на воените репарации од светската војна, велејќи дека во 1953 година тогашната комунистичка власт во Полска под притисок на Советскиот сојуз се откажала од сите барања за воена отштета бидејќи тогашната, Источна Германија, исто така во комунистичкиот блок и разорена во сојузничките бомбардирања и советските настапувања за поразување на нацистичката власт во Берлин, требало да биде ослободена од таквиот товар и обврска.
Германската влада, пак, постојано одговара дека нема намера да плати ништо, истакнувајќи дека е уверена дека Германија веќе платила прилично голема компензација и нема причина да се доведува во прашање одбивањето на полската репарација во 1953 година.