
Советот на јавните обвинители ќе го повтори конкурсот за јавни обвинители за пополнување на органите за кривичен прогон со 16 испразнети места.
Според Советот конкурсот нема да се одложи туку ќе бидат прифатени тие кадри кои ги исполнуваат критериумите додека другите места ќе бидат пополнети со други конкурси до достигнувањето на потребниот број во обвинителствата низ земјава.
Таму каде што Советот смета дека треба да се пополни, ќе бидат именувани обвинители врз основа на досегашните кандидатури, додека за другите места додека нема соодветни кандидати конкурсот ќе се повтори, се вели во соопштението на Советот.
Недостасуваат по еден обвинител во Вишите обвинителства во Гостивар и Битола, по двајца обвинители во Вишите обвинителства во Скопје. Недостасуваат обвинители и во Основните обвинителства во Скопје, Тетово, Битола и Радовиш. Во скопското обвинителство за организиран криминал и корупција недостасуваат осум нови обвинители.