Советот за безбедност на ОН без изјава за Договорот за извоз на жито и ѓубриво од Украина и од Русија

Советот за безбедност на Обединети нации не успеа да се договори за текстот на изјавата во која се поздравува Договорот за извоз на жито и вештачки ѓубрива од Украина и Русија на светските пазари.

Во соопштението од Советот ги истакнуваат заслугите на генералниот секретар Антонио Гутереш и на Владата на Турција за постигнувањето Договор, чија цел е да се намали заканата од глад низ целиот свет.

Норвешка и Мексико со денови работат да го обединат светот во една порака, која го поздравува историскиот Договор за обновување на извозот на жито, храна и ѓубрива преку Црно Море. Жалиме што тоа не беше можно, изјави норвешката амбасадорка во ОН, Мона Јул.

Гутереш го опиша договорот како без преседан за две земји во крвав конфликт и „сигнал на надеж“ за милиони луѓе кои се соочуваат со големо зголемување на цените на храната.