Советот за безбедност на ОН ќе ја разгледува ситуацијата во Украина

Денес Советот за безбедност на Обединетите Нации ќе одржи седница на која ќе се разгледува и дискутира за ситуацијата во Украина, пренесе „УНИАН“.

Постојаното претставништво во Луксембург на ОН, објави дека состанокот ќе започне во 15 часот по локално време. На седницата ќе ги достават своите извештаи заменик- генералниот секретар на ОН, Јан Елиасон, потоа и помошник – генералниот секретар на ОН за човекови права, Иван Симоновиќ .

Во меѓувреме беше објавено дека планираната пленарна седница на Генералното собрание на ОН, што требаше да се одржи во четврток е одложена на неодредено време.