Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за продолжени хуманитарни паузи во Газа

UNITED NATIONS, Nov. 15, 2023 -- Representatives vote on a draft resolution during a Security Council meeting at the UN Headquarters in New York, on Nov. 15, 2023. The Security Council on Wednesday adopted a resolution to renew the mandate of the UN peacekeeping mission in the Central African Republic (CAR) for a year, till Nov. 15, 2024.,Image: 822280712, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Loey Felipe / Xinhua News / Profimedia

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ја усвои нацрт-резолуција со која се повикува на продолжени хуманитарни паузи во борбите меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа за „доволен број денови“ за да се овозможи пристап до хуманитарна помош.

Резолуцијата иницирана од Малта ја поддржаа 12 земји, додека САД, Велика Британија и Русија беа воздржани.

Покрај повикот за хуманитарни паузи, резолуцијата, исто така, повикува на ослободување на сите заложници, особено децата, кои ги држи милитантната група Хамас.

Со резолуцијата се бара почитување на меѓународното право, особено заштита на цивилите и на децата и ги повикува сите страни да не ги лишуваат цивилите во Газа од хуманитарната помош потребна за нивниот опстанок. Дополнително, се нагласува важноста на механизмите за координација и бара заштита на целиот медицински и хуманитарен персонал, но и на амбулантните возила и инфраструктура, вклучително и на објектите на ОН.

Резолуцијата уследи по четири неуспешни обиди за гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со тековниот конфликт меѓу Израел и Хамас од 7 октомври.