Здружението на правниците на РМ организира еднодневно советување на тема „Претпоставки за ефективна примена на најновите измени во законодавството во системот на јавните набавки“ (ЗИДЗЈН објавен во „Сл. Весник на РМ“ бр. 130/14 од 3.9.2014) коешто ќе се одржи на 25.9.2014 (четврток) во сала Милениум 2, х. Холидеј Ин со почеток во 9,30 часот.
Во фокусот на ова советување е анализа на најновите измени на Законот за јавните набавки со посебен осврт на новите обврски кои ги имаат учесниците на тендерите; новините во делокругот и постапувањето на Комисијата по жалби за јавни набавки и промените кај издавањето и примената на негативни референци и кај користењето на рамковните спогодби како основа за поефективно функционирање на системот за јавни набавки