Се што ви е потребно е мелку восок или пена за коса, за кадриците подолго и подобро да се одржат, една тенка четка за коса и шноли.
Со помош на овој трик ќе престанете да им завидувате на жените што имаат преубави кадрици и од вашата коса ќе направите совршено природна фризура.
Доколку сакате покрупни кадрици земајте поголеми прамени на едно место и обратно доколку сакате поситни кадрици земајте поситни прамени.
- Издвоете го прамено, нанесете пена или восок;
- Извиткајте го;
- Замотајте го во мини пунџа;
- Прицврстете го со шнола.
Постапката е иста за целата коса. Вака извитканите прамени чувајте ги најмалку еден час. Проценете самите колку време ви е потребно во однос на тоа каква е вашата коса по природа.
Откако ќе ги тргнете шнолите, со прсти полека одвиткајте ги прамените и разбушавете ги. Деталните упатства погледнете ги во приложеното видео!