ЈСП денеска со неделен возен ред

Денеска автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Според соопштението на ЈСП Скопје, автобусите ќе имаат неделен распоред на работа поради празникот Божиќ.

Дежурни ќе бидат билетарниците, како и центрите за персонализација на билети, лоцирани на Транспортниот центар и на Зелен пазар.