СП хокеј: Германија ја спаси Канада

Хокеарите на Канада загубија со 2:3 од Финска по изведувањето на казнените удари во последниот натпревар од фазата по групи на Светското првенство во хокеј на мраз во Рига, но сепак се пласираа во четвртфиналето, благодарејќи на победата на Германија над домашната Латвија со 2:1.

Германија и Латвија имаа по 9 бодови пред меѓусебниот дуел во вторникот вечерта, а доколку овој дуел беше решен во продолжението, во четвртфиналето ќе минаа двете селекции. Во тој случај ќе отпаднеше Канада, но, сепак, ја избегна судбината на фаворизираната Шведска која првпат по 1937 година не се квалификуваше во четвртфиналето на светските првенства.

Арту Руатсалаинен во 22 и 56 минута погоди за Финска, а исто така го реализираше решавачкиот казнен удар, случно како изведувањето на пеналите во фудбалот. Претходно Канада двапати беше во водство преку Брендон Пири во 2 и Максим Комтуа во 29 минута.

Во решавачкиот дуел Германија победи со головите на Џон Петерка во 4 и Марсел Небелс во 7, одека Латвија намали со голот на Родриго Аболс во 26 минута.

Германските хокеари со 12 бодови го заземаа третото место на табелата во Групата Б, додека последната четврта позиција која води во елиминациската фаза по овој расплет ја освои Канада. Првото место во оваа група го потврдија САД со победата со 4:2 над последнопласираната Италија која не освои ниеден бод од сите седум натпревари.

Во Групата А селекцијата на Чешка со 7:3 ја совлада Словачка, но и двете репрезенатции се пласираа во четвртфиналето. Чесите прелиминарната фаза ја завршија на третото место со 13 бодови, а Словаците со 12 бодови по ова коло завршија на четвртокот место.

Русија го потврди првото место во групата со победата од 6:0 над Белорусија, додека Швајцарија се потврди како второпласирана со 6:3 победата над Велика британија.

Така во четврфиналето Канада ќе се соочи со Русија, која има силен состав иако како и другите водечки сили во овој спорт поради доигрувањето на северноамериканската професионална НХЛ лига настапуваат без најдобрите играчи. Другото „калсико“ е пресметката меѓу Чешка и Финска, САД играат со Словачка, а Швајцарија ќе се соочи со Германија.

РЕЗУЛТАТИ и ПЛАСМАН

Група А (Рига):

Швајцарија – Велика Британија 6:3 (2:1, 4:1, 0:1)
Словачка – Чешка 3:7 (0:2, 1:2, 2:3)
Русија – Белорусија 6:0 (5:0, 0:0, 1:0)

Русија 7 5 1 0 1 28:10 17
Швајцарија 7 5 0 0 2 27:17 15
Чешка 7 3 2 0 2 27:18 13
Словачка 7 4 0 0 3 17:22 12
—————————————————
Шведска 7 3 0 1 3 21:14 10
Данска 7 2 1 1 3 13:15 9
Белорусија 7 1 0 1 5 10:29 4
Велика Британија 7 1 0 1 5 13:31 4

Група Б (Рига):

Канада – Финска 2:3 (1:0, 1:1, 0:1; 0:1)
Италија – САД 2:4 (0:3, 1:1, 1:0)
Германија – Летонија 2:1 (2:0, 0:1, 0:0)

САД 7 6 0 0 1 21: 8 18
Финска 7 4 2 1 0 19:10 17
Германија 7 4 0 0 3 22:14 12
Канада 7 3 0 1 3 19:18 10
—————————————————
Казахстан 7 2 2 0 3 22:18 10
Летонија 7 2 0 3 2 15:16 9
Норвешка 7 2 1 0 4 17:21 8
Италија 7 0 0 0 7 11:41 0