Во дуелот од елитната група на Светското првенство во хокеј во Чешка, во вторникот вечерта фаворизираната Канада дури по продолженија во прелиминарното коло од групата А ја совлада Австрија со 7:6, откако на почетокот на третиот период поведе со дури 6:1.
Во првите два периода не се чинеше дека Канада ќе има проблеми бидејќи во 38. минута семафорот покажуваше 6:1. Но, Австрија направи враќање и пресврт од соништата, постигнувајќи дури пет гола во последната третина. Петер Шнајдер постигна два, а Марко Роси израмни на 6:6 во 59. минута и изнуди продолжение. Сепак, немаше среќен крај за Австријците, бидејќи Џон Таварес погоди по само 15 секунди и ѝ ја донесе очекуваната победа на Канада.
Првата победа ја остварија Французите кои со 4:2 ги совладаа Полјаците. Летонија го победи Казахстан со 2:0, додека Норвешка со истиот резултат ја победи Данска.