СП хокеј: Шведска по над 80 години првпат без четвртфинале, Казахстан ја испушти шансата

Шведска репрезентација во хокеј на мраз првпат по 1937 година нема да заврши меѓу осумте првопласирани на Светкото првенство од елитната дивизија, откако во понеделникот со поразот од Русија со 2:3 (1:0, 0:0, 1:2; 0:1) по изведувањето на казнените удари остана без шанси да заземат една од првите четири позиции во Групата А кои водат во четвртфиналето.

Шведска добро го отвори натпреварот во кој мораше да победи за да остане во игра за четвртфиналето, и поведе со колот на Каспер Форден во 8,6 минута, но Русија за само 12 секунди во третата третина направи реултатски пресврт, а стелци беа Антон Слепишев во 52,34 и Александар Барабанов во 52,46 минута. Надежите на Швеѓаните ги врати Виктор Олафсон во 55,17 минута, но бодот не ѝ бепе доволен за здржување на шансите за минување натаму и ѝ беше неопходна победа, макар и во продолжувањата или по изведувањето на казнените удари.

До таа победа Шведска сепак не дојде, па натпреварувањето по групи го заврши на 5-то место со 10 бодови. Русија со двата освоени бода дојде до врвот на табелата со 14 бодови, а во вторник има уште меч со Белорусија и доколку победи ќе го обезбеди првото место. Од Групата А во четвртфиналето уште се пласираа и Швајцарија и Словачка, кои имаат по 12 бодови,, како и Чешка која има 10 бодови но и победа во меѓусебната средба со Шведска.

Во вторник ќе се играат уште дуелите Словачка – Чешка и Швајцарија – Велика Британија и по нив ќе биде познат конечниот редослед во групата.

Голема шанса за пласман во четвртфиналето пропушти и Казахстан во Групата Б, откако беше поразен од претхдно веќе отпишаната Норвешка со 1:3 (1:0, 0:1, 0:2). На Казахстан му бепе потребна победа и поведе преку Дмитриј Шевченко во 16,00 минута, но во втората третина израмни Томас Валквае Ослен во 27,57, а во третата делница Стефан Еспеланд во 41,08 и Матис Олимб во 59,00 мунута направија целосен пресврт.

Казахстан по одиграните сите седум натпревари остана на 10 бодови и сега зависи од резултатите на натпреварите кои се играат во вторник. Засега се третит на табелата, но со бод и меч повеќе од Германија, Канада и Латвија. Во вторник Канада игра со Финска која е водечка во групата со 15 бодови, додека Германија и Латвија ќе се соочат меѓусебно. За пласман на Казахстан во четвртфиналето му е потребна победа на Финска, и тоа без продолженија.

Во оваа група во вторник уште ќе играат САД, кои со 15 бодови го обезбедија четвртфиналето, и Италија која е на дното без бодови.