СП Катар 2022: Бразил не ги мина пеналите со Хрватска

Фудбалерите на Хрватска уште еднаш преку пенал-рулетот излегоа како победници од новата драма на Светското првенство во Катар, откако во Ал Рајан во петокот со 5:3 (1:1, 0:0) по подобрата реализација од белата точка во четвртфиналното соочување го елиминираа најголемиот фаворит Бразил.

Откако регуларните 90 минути завршија без постигнат погодок, во судиското надокнадвуање на времето во првото продолжение поведе Бразил со голот на Нејмар. Но во 117 минута Хрватска успеа да израмни со голот на Петковиќ, а потоа исто како и во осминафиналето против Јапонија, голманот Доминик Ливаковиќ на „Коцкестите“ им донесе голема радост.

Хрватска играше цврсто и многу сигурно во првото полувреме, нејзината одбран направи само неколку помали грешки кои Бразилците не ги казнија. Двете селекции беа исклучително внимателни со сите свои акции, што донесе до прво полувреме без погодоци..

Во првиот дел освен неколку индивидуални акции на Винисуис Жуниор и Нејмар, Бразил не успеа поопасно да го загрози хрватскиот гол, додека на другата страна Јурановиќ неколку пати се најде во ситуација да искреира поопасна ситуација но остана на без вистинска идеја. Така, завршницата од првиот дел беше и здодевна и далеку под нивото на најголемото светско натпреварување.

На почетокот од вториот дел Бразил веднаш се обиде да го открие резултатот, создавајќи неколку опасни ситуации пред Ливаковиќ. Бразил најблиску беше до предност коа Гвардиол ќе го совладаше својот голман кој со рефлексна реакција со нога спречи автогол. Потоа се заканија Винисиус и Нејмар кој шутираше во 55 минута од близина, но повторно одлично реагираше Ливаковиќ.

 

Хрватскиот голман потоа ги запираше и нападите на Пакета, во два наврати, и на Нејмар, па Хрватска дојде, се чини, до посакуваните продолженија.

Хрватска првата посериозна ситуација пред бразилскиот гол ја создаде дури во 103 минута кога Петковиќ убаво го проигра Брозовиќ кој шутираше високо над голот. Во последните моменти од првото продолжение, сепак, капитулираше хрватската одбрана. Бразилците ја изиграа целата противничка одбрана со прецизни додавање на мал простор низ средината, а Нејмар ги издржа дуелите со хрватската одбрана го мина и голманот Ливаковиќ и заби под пречката за водство на Бразил.

Во второто продолжени се чини Бразилците ја платија цената на чувството дека ја завршиле работата. Дозволија Хрватите да ја преземат топката во свој посед и од еден против напад да создадат играч повеќе Оршиќ да ја нафрли топката за натрчаниот Петковиќ кој со помош на Маркињос кого го погоди топката израмни на 1:1.

Така Хрватска дојде до својот четврти натпревар на светските првенства кој се решаваше на пенали и по четврти пат се радуваа. Ливаковиќ го одбрани првиот пенал во серијата кој го изведе Родриго, а Маркињос потоа ја погоди стативата, додека четворицата хрватски изведувачи беа прецизни.

Така Хрватска во вторник со почеток во 20 часот ќе игра во полуфиналето против победникот од дуелот меѓу Холандија и Аргентина кој се игра вечерва во 20 часот.