СП Катар 2022: Головите во финишот, победата за Португалија

Фудбалерите на Португалија го отворија својот настап на Светското првенство во Катар во четвртокот со победата од 3:2 над Гана во Групата Х, а воедно Кристијано Роналдо стана рекордер на светските првенства.

Најдобриот стрелец на Португалија и во светот во конкуренција на репрезентациите, во 65 минута од пенал го постигна првиот погодок на мечот, негов 118-ти за репрезентацијата, со што стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал барем еден гол на пет светски првенства. На четири различни мундијали досега голови постигнуваа Бразилецот Пеле, Аргентинецот Лионел Меси и Германците Уве Зелер и Мирослав Клосе.

Во 73 минута Гана израмни на 1:1 со голот на Анде Ајева, додека сигурно водство за Португалија донесоа Жоао Феликс и Рафеал Леао со головите во 78 и 80 минута. До крајот во 89 минута Букари намали на 2:3, а во последните моменти од долгото судиско продолжение на мечот Гана можеше да дојде до израмнување, но Португалија со многу среќа се спаси и ја впиша почетната победа.

Од самиот почеток на мечот стана јасно дека Португалија ќе го диктира темпото на играта и дека повеќе ќе напаѓа., но исто така се виде дека нема да биде лесно да се создаваат многу шанси поради згуснатата и цврста одбрана на Гана.

Португалците можеа да поведат во 10 минута, кога Роналдо беше во одлична ситуација, одеше сам кон противничкиот голман но згреши при приемот на топката што подоцна не можеше да го исправи, Само неколку минути подоцна повторно беше во главната улога, Роналдо со висок скок за многу ја надвиси противничката одбрана но неговиот удар со глава не предизвика посериозни проблеми за одбраната на Гана.

Во 31 минута Роналдо конечно ја затресе мрежата, но американскиот судија Исмаил Елфатх претходно ја прекинал акцијата поради прекршок во напад од Португалецот. До крајот на полувремето траеше уште поблагиот притисок на Портиугалија со еден обид на Отавио. Гана буквално не стори ништо во првите 45 минути, и се ориентираше главно на одбрана од особено не жестоки напади на противникот.

Сепак првата шанса во вториот дел ја имаше Гана во 55 минута кога се обиде Кудус, но топката мина крај стативата. Десет минути подоцна Португалија поведе, во борба за топката во шеснаесетникот на Гана беа Роналдо и Салису, дојде до меѓусебен контакт со помал интензитет, но Роналдо падна а судијата досуди пенал кој со силен шут го реализираше португалскиот капитен.

Поради резултатското заостанување Гана мораше да се отвори и многу брзо израмни. Прво во 70 минута Кудус имаше добар обид од 30 метри, а три минути потоа истиот играч, покрај бавната португалска одбрана му асистираше на Андре Ајев кој погоди за 1:1.

Големата радост на Гана, сепак кусо траеше, и додека штотуку повлечениот од игра Ајев примаше честитки од соиграчите, во 78 минута Жоао Феликс го реализираше противнападот откако убаво го префрли голманот Ати-Зиги, а веќе во 80 минута беше 3:1, а подеднакво убаво топката во мрежата ја пласираше Рафаел Леао кој само неколку минути претходно влезе во игра. И во двата случаи асистент беше Бруно Фернандеш.

Гана успеа да намали во 89 минута со голот на Букари, кога повторно лошо реагираше португалската одбрана. Но до бод Ганците можеа да дојдат во 100 и последна минута. Португалскиот голман Диего Кошта невнимателно долго пред себе во шеснаесетникот ја пушти топката пред себе, заборавајќи го Вилијамс кој остана зад него во претходната акција, но Ганецот не се снајде најумешно па португалските бекови ја спасија празната мрежа.

На табелата во водство е Португалија со три бода, Уругвај и Јужна Кореја имаат по еден, а Гана е без бодови. Во второто коли на 28-ми ноември Португалија игра против Уругвај во 20 часот, а Гана против Јужна Кореја во 14 часот.