СП Катар 2022: Иранците го надиграа Велс, до победата во продолжението

Во првиот дуел од второто коло од Групата Б, на Светското фудбалско првенство во Катар одигран во петокот на стадионот „Ахмад бин Али“, репрезентацијата на Иран со 2:0 ја совлада селекцијата на Велс.

Двата погодока Иранците ги постигнаа во судиското продолжение на натпреварот на самиот крај од дуелот. Прв мрежата на Велс ја затресе Розбех Чешми со удар од околу 23 метри во осмата минута од продолжението, а конечните 2:0 ги постави Рамин Резаејин во 11 минута од продолжението, кога рутински го заврши противнападот. Со ова Иранците првпат на светските првенства успеаја да совладаат една европска репрезентација.

Велшкиот селектор Роберт Пејџ во однос на тимот кој го започна дуелот со селекцијата на САД направи една измена, уфрлувајќи го напаѓачот Кифер Мур наместо Даниел Џејмс.

Неговиот ирански противник, Карлос Квеироз добро го измеша составот во однос на дуелот против Англија кој го загуби со 2:6, а ја промени и формацијата во 4-1-3-2. Голманот Хосеин Хосеини го зазема местото меѓу стативите го зазема местото на повредениот Беираванд. Резаеијан на десното крило го замени Седег Мохрами, а во првите 11 шанса добија во средниот ред Голизадех и Езатолахи, како и напаѓачот Азмун.

Иранците амбициозно го започнаа мечот и беа поактивни во раната фаза од соочувањето ставајќи ја на искушенија велшката одбрана. Во 7 минута се случи првиот директен удар кон голот, кога од 20-ина метри шутираше Сардар Азмун, но велшкиот голман Вејн Хенеси немаше мака да го запре тој удар.

Но првата закана на Велс на спротивната страна беше посериозна. Во 12 минута по десната страна продре Конор Робертс, испрати остар центаршут на врвот на петерецот каде реагираше со лизгачки старт Кифер Мур ја сврти топката, но иранскиот голман Хосеини рефлексно реагираше и спречи погодок.

Во 15 минута Иранците ја изиграа одбраната на Велс, сам остана Али Голизадеј и без проблем ја смести топката во мрежата. Судиите на теренот не се огласија, но со интервенција на компјутерскиот систем беше утврдено дека иранскиот напаѓач бил во офсајд позиција кога му топката му беше додадена.

Иранците поголемиот дел од првото полувреме го минаа во свесно препуштање на поседот на топката на Велшаните, за да се закануваат со брзи противнапади по лошите додавање и грешки на противничките играчи. Меѓутоа, во речиси сите такви ситуации на иранските им недостасуваше умешноста и прецизност во самата реализација, делумно и поради добрите реакции на одбраната на Велс.

Велшаните, пак, ја имаа повеќе топката во своите нозе, се обидуваа преки крилните позиции создаваа шанси за нафрлување до своите добри и високи скокачи во шеснаесеттникот, во прв ред кон центарфорот Кифер Мур, но до него топките ретко стасуваа. Тоа делумно е заслуга и на иранската одбрана која одигра полувреме речиси без грешка.

Во завршницата на првото полувреме Иран повторно беше поконкретен. Сардар Азмун остана за малку преку на едно нафрлување од Ниролахи, а ударот на Ахмад од околу 25 метри не го изненади Хенеси.

И на почетокот од вториот дел Иранците беа поопасниот противник. Речиси беше неверојатно како во 51 и 52 минута не успеаја да постигнат гол, бидејќи тогаш за 15-ина секунди упатија три удари кон голот и притоа двапати ја погодија стативата. Прво тоа го стори Сардар Азмун кој избегна офсајд замка и по спринтот од 40-ина метри од седум/осум метри ја погоди левата статива. Одбиената топка остана во нозете на Иранците, а новиот шут го упати Али Голизаедех од 17/18 метри и ја погоди десната статива. На одбиената топка натрча Азмун но неговиот обид со глава го скроти Хенеси.

Во 64 минута првпат во добра позиција се најде Мехди Тареми, двојниот стрелец против Англија. Но неговиот удар од 14 метри беше блокиран во последен момент од Ампаду кој се врати да ѝ помогне на својата одбра.

Велшаните по еден час игра делуваа на теренот како да се без сила. Герет Бејл, кој со 110-от настап во националниот дрес стана рекордер, беше невидлив во поголемиот тек од мечот, а бидејќи играчите од средниот ред сѐ потешко се движеа, Иранците ја преземаа и доминацијата во поседот.

Колкава беше иранската доминација отсликува податокот дека во половина час игра во второто полувреме Иранците упатиле 10 удари кон противничкиот гол, а Велшаните само еден.

Велшкиот голман Хенеси имаше доста работа а во 73 минута со одлична интервенција спречи сигурен гол. Од работ на шеснаесетникот шутираше Саејд Езатолахи, го гаѓаше десниот долен агол, но велшкиот голман се испружи и со врвот на прстите ја сврти топката во корнер.

Со замената на речиси целиот следен ред, Квироза го намали за малку темпото, што го искористија Велшаните поопасно да се заканат. А најдобрата шанса за тоа ја имаа во 84 минута, кога Бен Дјвис шутираше до 16 метри, но Хосеини успеа да ја избие топката од под пречката.

Веќе една минута подоцна Велс остана со играч помалку. Тареми ја доби топката на самата средина од теренот и во трк се упати кон голот на Велс. Голманот Хенеси излезе од својот шеснаесетник за да ја спречи акција, но Тареми прв дојде до топката, ја турна во страна а Хенеси се заби во него и го собори. Судијата Ескобар првично на велшкиот голман му покажа жолт картон, за потоа по асистенција на помошниците од ВАР-собата и прегледување на снимка сосема исправно ја измени својата одлука и директно го исклучи Хенеси.

Бројната предност Иранците ја искористија длабоко во судиското продолжение, кога се чинеше дека одбраната на Велшаните ќе ги издржи налетите. Во 98 минута Џо Ален не успеа да ја исфрли топката далеку од својот гол, туку повеќе му ја додаде на Ризнег Чешми кој се намести за удар од работ на шеснаесетникот и го погоди долниот лев агол на велшкиот гол.

Велшаните тргнаа по израмнување што остави многу празен простор на нивната половина а во 101 минута Иранците изведоа противнапад во кој беа побројни и во шеснаесетникот топката ја доби Рамин Резаеијан и рутински го префрли Дени Вард кој влезе во игра по исклучувањето на Хенеси.

Иран сега бодовно се израмни со водечката Англија со по шест бодови, и во последното коло со САД ќе се борат за пласман во осминафиналето.

Во вториот дуел од оваа група вечерва од 20 часот играат Англија и САД,