Кошаркарите на егзотичните земји Јужен Судан и Зелено’ртски острови забележаа победи во второто коло од Светско првенство, со што останаа во борба за пласман во втората фаза.
Кошаркарите на Јужен Судан во Манила ја совладаа кинеската селекција со 89:69 во второто коло од групата Б. Во тимот на Јужен Судан најефикасни беа играчот на Булс, Карлик Џонс со 21 поен со шест асистенции, Куанџи Нгор Куањи со 16 поени и Нуни Омот со 14. Кај кинескиот тим предводен од клупата од поранешниот српски кошаркар Александар Ѓорѓевиќ, Кајер Ли постигна 22 поени, Руи Жао 13 и Чи Џоу 10 поени.
Во вториот натпревар од групата Б, Србија од 14 часот игра против Порторико. По две кола Јужен Судан има победа и пораз, а Кина доживеа два пораза. Во третото коло в среда Јужен Судан ќе игра со Србија, а Кина ќе игра со Порторико.
Зелено’ртските острови ја совладаа Венецуела со 81:75 во второто коло од групата Ф во Окинава. Победничкиот тим го предводеа Бетињо Гомеш со 22 поени, Вил Таварес со 20 и Иван Алмеида со 18 поени и шест скока, а за Венецуела Дејвид Леон постигна 15 поени и Јорнан Замора 14.
Африканците имаат победа и пораз на турнирот, а Венецуела два пораза. Вториот натпревар во таа група денеска ќе го одиграат Словенија и Грузија, а во третото коло Зеленортските Острови ќе играат со Словенија, а Венецуела со Грузија.
Двете првопласирани селекции од секоја група одат во втората фаза од кошаркарскиот мундијал.