СП кошарка: Порторико со пресврт во вториот круг

Копаркарите на Порторикот со пресврт дојдоа до врендата победа од 67:64 над селекцијата на Тунис, со што како втора репрезентација од Групата Ц зад Шпанија се пласираа во вториот круг од Светското првенство во Кина.

Во дуелот одигран во Гуанжу, туниската репрезентација во последните четири и пол минути влези со пет поени предност (64:59), но до крајот на мечот не постигнаа ниеден кош. Порторико со серија 8:0, погодувајќи притоа две „тројки“, го остварија пласманот меѓу 16-те најдобри селекции на ова светско првенство.

Реналдо Балкмен додаде 14, а Дејвуд Хуертас 10 коша за победниците додека Салах Меџри и Омар Абада со по 14 поени ги предводеа Тунижаните. Од 14,30 часот во оваа група Шпанија против Иран оди на третата победа и максимален учинок по првиот круг.

Во Групата А, Полска со 80:63 беше убедлива протви Брегот на слоновата коска, со што во вториот круг ќе пренесе шест бодови. Адам Вашински со 16 коша и Дамиан Кулит со 14 беа најдобрите стрелци кај Полска, додека Чарлс Абоуо со 23 поени беше најефикасен на средбата. Во дуелот кој носи пласман во вториот круг домашната селекција на Кина мора да ја победи Венецуела.

Во групит Б и Д се одиграа мечевите за третото место и подобар ефект во продолжувањето на натпреварувањето за пласман од 17-то до 32-то место. Нигерија во Групата Б со убедливи 108:66 ја надигра Јужна Кореја, додека во Групада Д, Ангола во продолженијата ги совлада Филипини со 84:81.

 

СП кошарка – 3 коло

ГРУПА А (Пекинг):
Брегот на слоновата Коска – Полска 63:80
Кина – Венецуела / – /

Табела
1. Полска 3 3 0 239-208 6
2. Кина 2 1 1 146-134 3
3. Венецуела 2 1 1 158-151 3
4. Брегот на Слоновата Коска 3 0 3 189-237 3

 

ГРУПА Б (Вухан):
Јужна Кореја – Нигерија 66:108
Русија – Аргентина (14.30 часот)

Табела
1. Аргентина 2 2 0 189-150 4
2. Русија 2 2 0 169-150 4
3. Нигерија 3 1 2 266-242 4
4. Јужна Кореја 3 0 3 208-290 3

ГРУПА Ц (Гуангжу):
Порторико – Тунис 67:64
Шпанија – Иран (14.30 часот)

Табепа
1. Порторико 3 2 1 213-218 5
2. Шпанија 2 2 0 174-125 4
3. Тунис 3 1 2 205-235 4
4. Иран 2 0 2 148-162 2

ГРУПА Д (Фошан):
Ангола – Филипини 84:81
Италија – Србија / – /

Табела
1. Србија 2 2 0 231-126 4
2. Италија 2 2 0 200-123 4
3. Ангола 3 1 2 204-278 4
4. Филипини 3 0 3 210-318 3