![јсп](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/99503190-70852.jpg?resize=696%2C319&ssl=1)
„Во врска со најавеното излегување на протест од Независниот синдикат во ЈСП Скопје, информираме и укажуваме дека ваквиот вид политички мотивирани дејствија се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз“, соопштија од компанијата.
Додаваат дека, јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19.04. 2022 ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2.800,00 денари.
„Поради ова ги осудуваме ваквите дејства и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се придонесе за развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје. Напротив, ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто“, се вели со соопштението од таму.
Инаку, возачите од ЈСП најавија секојдневен претпладневен протест, од по еден час, од 11 до 12 часот, кој ќе се одржи пред управата на градското претпријатие.
Независниот синдикат на возачи соопшти дека протестот е поради малите плати и тешките услови за работа.