Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење.
Билетот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на ЈСП Скопје.
Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.
„Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори“, велат од ЈСП.