
Македонската ракометна репрезентација во неделата вечерта во Вараждин ја совлада Гвинеја со 29:20 (полувреме 14:10) во натпреварот од третото коло во групата Д на Светското првенство. Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на првенството.
Македонија ја оправда фаворитската улога во соочувањето со дебитантот на светските првенства и заслужено ја запиша првата победа на ракометниот мундијал што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка и вкупно 22. на светските шампионати.
Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со 12 голови, Ненад Костески даде четири, Игор Ѓргиев и Павле Атансијевиќ погодија по трипати.
„Црвено-жолтите“ со три освоени бода навјеројатно ќе бидат трети на табелата, бидејќи во преостанатиот дуел во групата Холандија би требало да ја совлада Унгарија со 14 голови разлика, за Македонија да дојде до третата позиција.
Во главната фаза Македонија ќе игра против репрезентациите на Австрија, Катар и Франција.
Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, против Австрија или Катар во зависност од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Унгарија и Холандија.