ЈСП воведува нова линија „111“ Радуша-Сарај

Од утре, четврток (1.09.2022 год) ќе почне да функционира нова линија, „111“ (Сарај – Радуша). Почетна/крајна постојка во Сарај ќе биде на постојката на последна линија „2“, а во Радуша почетна/крајна постојка ќе биде сред село.

Автобуси на линија „111“ ќе сообраќаат од понеделник до петок, по следниов возен ред :

Сарај : 5.35 ч, 7.05 ч, 11.10 ч, 13.40 ч, 15.20 ч и 19.30,

Радуша: 6.15 ч, 7.55 ч, 12 ч, 14.30 ч, 16.10 ч и 20.20 ч.

Линијата се воведува по барање на локалното население, а по изготвената анализа на терен која укажа дека барањето е основано, односно исполнети се сите услови за воведување нова линија на посочената релација согласно критериумите од Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје.

Новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населеното место Радуша со Сарај и жителите на Радуша ќе добијат редовен превоз.

Во меѓувреме, ЈСП Скопје во соработка со Град Скопје, разгледува и други слични барања, со цел јавниот превоз да стане подостапен за сите граѓани, особено оние населени во досега заборавените места.