ЈСП информира дека од утре, петок, јули, Жичницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа. „Согласно Одлуката за работно време за Жичницата, таа работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, соопштија од ЈСП.
Потсетуваат дека до Средно Водно сообраќаат три линии:
– 25 (Транспортен центар – Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник
– 25А (Автомакедонија – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник
– 25Б (Дом на печат – Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник
Превозот со сите три линии за време на викенд и државен празник се бесплатни за сите категории патници-граѓани.