SpaceX лансираше рециклирани ракета и капсула за снабдување на Меѓународната вселенска станица

Американската компанија „SpaceX“ успеа во понеделникот да лансира ракета и капсула кои веќе биле употребени, а се наменети за снабдување на астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Ракетата „Falcon 9“ на чиј врв е капсулата „Dragon“ без човечки екипаж, беше лансирана според планот во 16,30 часот по локално време, или полоцина час по полноќ по македонскo време од лансирната рампа во Кејп Канаверал на Флорида на американската агенција за вселенски истражувања NASA.

„Ова е втора мисија за снабдување за NASA во којашто не само што користиме со веќе употребена ракета туку и со капсулата Dragon која веќе одеше на Меѓународната вселенска станица“, изјави во неделата за медиумите Џесика Јенсен, шефица на мисијата.

Ракетата лансирана во понеделникот леташе последен пат во август 2017 година, а капсулата се спои со Меѓународната вселенска станица во април 2016 и декември 2017 година. SpaceX првпат повторни употреби користени ракета и капсула во иста мисија. Ова е четвртата мисија којашто компанијата ја изведува за NASA.

Компанијата чиешто седиште е во Калифорнија настојува да ги намали трошоците за вселенски летови со повеќекратно користење на своите ракети и другите делови наместо по извршениот лет да ги спушти во океанот.

Капсулата носи речиси 2.600 килограми храна и истражувачка опрема во врска со проектот за истражување на бурите на Земјата. Товарниот вселенски брод на станицата треба да пристане во средата наутро кога ќе ја прифати четиричелниот руско-американски екипаж на ISS, и ќе остане во орбитата речиси еден месец пред да се врати на Земјата.