СПАЛ и натаму најпријатното изненадување во калчото

Во последниот натпревар од четвртото коло од италијанското фудбалско првенство СПАЛ на домашен терен во Ферара во понеделникот вечерта ја совлада Аталанта со 2:0 и изненадувачки се врати на второто место на табелата со девет победи.

За третата победа на стартот од сезоната на СПАЛ најмногу е заслужен двојниот стрелец, 23-годишниот напаѓач Андреа Петањи кој ја затресе мрежата на гостите во 50 и 56 минута.

Водечкиот Јувентус има максимални 12 бодови, а девет бодови како и СПАЛ има и третопласираниот Наполи. Аталанта, пак, е 13-та со четири бодови.