Државјанин на Шпанија бил нападнат и ограбен додека пеш се движел по автопатот кон Скопје откако слетал на аеродромот.
Секторот за внатрешни работи Скопје на надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје со кривична пријава го предаде лицето Ј.Н.(20) од Скопје поради сомневање дека извршил „разбојничка кражба“ со што се стекнал со противправна имотна корист од 12.000 денари.
Како што соопшти полицијата, Ј.Н. кражба ја извршил на 23.11.2017 година околу 11 часот на локалниот пат село Трубарево-Маџари.
Тој на патот сретнал 43- годишно лице од Билбао, Шпанија кое одело пеш од аеродром Александар Велики кон Скопје. Откако увидел дека е странец му пришол и го прашал од каде е. Потоа му го побарал мобилниот телефон со шпанска картичка за да се јави на негов пријател. Странецот му го дал телефонот, но се сетил дека е во роаминг и повикот ќе биде скап, по што го побарал телефонот назад. Бидејќи Ј.Н. не сакал да го врати телефонот,странецот се обидел да му го земе, но Ј.Н. со десната рака го удрил во гради и избегал кон с.Трубарево.
Странецот настанот го пријавил во Полициска станица Гази Баба, по што е известен дежурен Јавен обвинител.
По преземени мерки и активности во насока на расчистување на случајот, Ј.Н. е приведен од полицијата.