![spanija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/spanija.jpg?resize=512%2C346&ssl=1)
Најмалку осум стари лица загинаа, а 12 се повредени во пожар што зафати дом за стари лица во градот Куарте де Уерва во Сарагоса, во североисточниот дел на Шпанија, соопшти денеска портпаролот на регионалната влада, пишува МИА.
Меѓу 12-мината повредени, две лица се во тешка состојба, изјави портпаролот на Арагон.
Пожарот избувна синоќа околу полноќ и полицијата се уште работи на утврдување на причините за несреќата. Меѓу повредените е и еден работник во дом за стари лица.