
Шпанската вицепремиерка Сораја Саенс де Сантамарија побара од претседателот на каталонскиот Парламент да ја повлечат поддршката за Карлес Пуџдемон и да почнат консултации за нов кандидат за лидер на покраината.
Пуџдемон сега е единствен кандидат и се наоѓа во Белгија каде пребега и по него шпанските власти имаат распишано потерница.
Утврдувањето на Пуџдемон за лидер треба да се случи по дебати кои требаше да почнат вчера, но беа одложени од претседателот на Парламентот Рожер Торент поради судски пречки за кандидатурата на поранешниот лидер.