Шпанија планира да даде дозволи за престој за околу 400.000 Британци доколку се случи ткн „тврдо“ излегување на Велика Британија од Европската унија, објави весникот El Pais во петокот, ден пред владата во Мадрид да ги објави своите вонредни планови за брегзитот.
Меѓутоа, споменатата мерка ќе биде условена и тие услови ќе мора да се применат и за Шпанците кои живеат и работат во Велика Британија, пишува весникот.
Шпанскиот закон за брегзитот се однесува и на британската енклава Гибралтар, се наведува во текстот во El Pais и се додава дека Мадрид ќе биде упорен дека мора да биде прашан за примена на секоја мерка во споменатата област.
Шпанската влада веднаш ќе го испрати законот во парламентот, кој наскоро ќе се распушти поради распишување предвремени избори.
Шпанската влада претходно во јануари усвои уредба за вработување на 1.735 нови јавни службеници кои би требало да се занимават со последиците од британскот напуштање на ЕУ, особено на пограничната и царинската контрола.