Шпанија во средата вечерта во дуелот со олимпискиот шампион Данска во рамките од третото коло во Групата Д во Вараждин настапи без двајца многу важни ракометари, Хулен Агинагалде беше заменет со Јосу Гони, поради проблем со грбот.
Селекторот Рибера го загуби и дефанзивниот столб Гедеон Гвардиола, чија повреда е уште посериозна. По првиот натпревар со Чешка, Анхел Фернандез поради повреда беше заменет со Аитор Арињо.
Враќањето на овие тројца ракометари може да се случи само во главнат групна фаза, каде еден од трите противници на Македонија ќе биде токму Шпанија. Но во таборот на „црвената фурија“ не владее преголем оптимизам и околу здравствената состојба на Агинагалде, кој најверојатно ќе го пропушти мечот против Македонија.