![england-spain](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/england-spain.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Шпанија со 2:1 славеше во Англија во рамките на првото коло од А дивизијата на Лигата на нации, што
е прв пораз на домаќините на официјален натпревар на „Вембли“ од 2007 година, но и деби со победа за селекторот на „фуријата“, Луис Енрике.
Лук Шо заработи сериозна повреда поради која беше изнесен на носилки.
Англија добро го почна мечот на Вембли, по една одлична асистенција на Шо, неговиот соиграч од „Јунајтед“, Рашфорд постигна гол за водство од 1:0. Но до крајот на полувремето Шпанија успеа да направи комплетен пресврт. Само две минути подоцна Сол Нигез постигна гол за изеначување, а во 32. минута Родриго реализираше за водство од 2:1.
Во вовeдниот дел од второто полувреме Лук Шо заработи една случајна, но тешка повреда по судирот со Карвахал поради која на носилки беше изнесен од теренот.
До крајот на натпреварот Англичаните можеа да избегнат пораз, но ударот на Рашфорд од изгледна позиција го одбрани Де Хеа.
Шпнаија во следното коло, во вторник е домаќин на Хрватска.