Шпанската полиција уапсила 200 Кинези заради телефонски измами

кинези

Во свето соопштение полицијата посочи дека криминалните групи се поврзувале со луѓе во Кина, првично претставувајќи се дека се нивни пријатели или роднини и ги предупредувале за измамнички шеми. Во следните јавувања тие се претставувале за полициски службеници, кои ги истражуваат измамите, и притоа многу од жртвите убедиле да уплатат пари на  банкарските сметки на криминалните групи.

Шпанската полиција информира дека затворила 13 телефонски центри, што биле раководени од приватни домови.

Апсењата биле изведени во градовите околу Мадрид, како и во Барселона и Аликанте.

Операцијата била координирана со кинеските власти, кои ја почнале истрагата. Кина ќе побара екстрадиција за нејзините граѓани, за да им суди, изјави службеник на кинескиот конзулат во Мадрид.