Шпанскиот парламент го одобри преместувањето на останките на диктаторот Франко

Шпанскиот парламент во четвртокот го одобри преместувањето на посмртните останки на диктаторот Франциско Франко од мавзолејот крај Мадрид каде што е погребан пред 43 години.

За преместувањето на останките на диктаторот гласаа 176 од 350 пратеници во шпанскиот парламент, со што мина иницијативата којашто во јуни годинава ја покрена новата социјалистичка влада, речиси веднаш откако беше формирана. Од гласањето се воздржаа најголемата опозициска партија конзервативната Народна партија којашто до пролетва беше на власт во вториот свој нецел мандат и партијата од центарот Граѓани.

Долината на паднатите, 40 километри северно од шпанската престолнина Мадрид, местото на коешто се наоѓаат посмртните останки на спротиставените републиканци и националисти убиени во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година. Засега не е познато каде ќе бидат преместени останките на генералот Францско Франко кој управуваше со Шпанија од победата во војната до смртта во 1975 година, а три години подоцна беше прогласена републиката и донесен уставот.

Внуците на генералот и здружението Фондација Франциско Франко најавија претходно правна борба за посмртните останки да останат во мавзолејот во Долината на паднатите.

Семејството на генералот Франсиско Франко кон крајот на август соопшти дека ќе ги искористи „сите правни можности“ против одлуката на социјалистичката влада на Шпанија да го ексхумира и ќе ги преземе посмртните останки на диктаторот доколку тоа се случи. Во соопштението семејството истакнува дека „најрешително се противи“ на предлогот на шпанската влада до крајот на годинава да го извади од мавзолејот во кој почива, нарекувајќи го тоа „чин на задоцнета одмазда“. Семејството на шпанскиот диктатор додава дека ќе ги искористи „сите правни можности“ за да ја спречи неговата ексхумација. Но доколку се случи тоа, семејството истакнува дека ќе побара да ги преземе за да „ги погреба според христијански обред“.

Семејството не сака телото да биде ексхумирано, но владата на Санчез одговори дека доколку семејството и натаму ја одбива ексхумацијата и не одреди место каде ќе го премести, самата ќе го стори тоа „на соодветно место“.

Внукот на Франко го одбива предлогот генералот да биде погребан крај сопругата Кармен Поло која почина во 1988 година, на гробиштата Ел Пардо, во близина на Мадрид. „Тоа место не е сигурно, мојот дедо не може да биде закопан таму. Засега не размислуваме за тоа“, изјави во август Франсис Франко, еден од седумте внуци на генералот рече.

Социјалистичката влада смета дека Франко не смее да почива на местото каде што се погребан жртвите на двете страни во граѓанската војна, бидејќи тој не загинал во војната туку починал од природна смрт, како и дека таму се наоѓаат и жртвите од неговиот диктаторски режим. Сметаат, исто така, дека Долината на паднатите, над којашто се издигнува 150 метри висок крст, го велича режимот на Франко.

„Диктаторот не може да биде во мавзолејот кој го финансира дражавата. Нема да има правда и мир сé додека Франко е таму со своите жртви“, изјави потпретседателката на шпанската влада Кармен Калво во текот на парламентарната расправа во четвртокот.

Шпанските социјалисти пред три месеца се вратија на власт, првпат по 2011 година, откако по обвинувања за корупција ѝ беше излгасано недоверба конзервативна влада. Потоа во парламентот испратија предлог дополна на Законот за историското сеќавње, донесен во 2007 година, а кој ги признава жртвите од граѓанската војна и на подоцнежниот режим. И додека претходниот закон наложи укинување на симболите од тој период од јавните простори, дополнувањето вклучуваше и преместување на останките на Франко.

Конзервативците жестоко се спротиставија на социјалистите, бидејќи ова прашање по брза постпака, со каква вообичаено се решаваат итни случаи. Го нарекоа „срамотно“ најавувањето за основање комисија за утврдување на вистината за граѓанската војна и за режимот по неа, за којашто сметаат дека нема да биде објектива. Истакнуваат и дека од воведувањето на демократијата во 1978 година социјалистите биле најдолго на владата, како и дека дури сега одлучиле да ги тргнат останките на Франко.

„Ова е чадна завеса за владата да ја прикрие својата неспособност и неможноста да ги решава важните проблеми во земјата“, изјави Хозе Мануел Вилегас, претеник од партијата Граѓани.

Владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија (PSOE) има малцинска влада од 84 од 350 пратеници и на последните парламентарни избори ѝ се закануваше можноста да стане третата политчка сила во земјата, но во изгласувањето на недовербата на порешениот конзервативен премиер Маријано Рахој беа поддржани од левата партија Подемос и Обединетата левица, како и од регионалните партии од Каталонија и Баскија. Овие партии гласаа и за изнесувањето на останките на Франко од мавзолејот.

„Редно беше. Фашизмот не е минато, а со него кокетираат и Пабло Касадо и Алберт Ривера“, лидерите на партиите Народна партија и Грашани, изјави Пабло Иглесиас, лидер на крајната антисетаблишмент левица Подемос.

Владата до крајот на годинава сака да ги премести посмртните останки на Франко, а доколку неговите наследници, односно семејството не се изјаснат во текот на следните петнаесет дена владата ќе го одреди местото на коешто ќе бидат преместени по ексхумацијата.

Одлуката предизвика поделени мислења меѓи Шпанците. Граѓанската војна беше најголемата трагедија во историјата на земјата, па некои сметаат дека не е потребно да се отвораат старите рани, додека други тврдат дека сé уште не се познати судбините на сите жртви. Истовремено продолжува ископувањата на јамите каде што се претпоставува дека се наоѓаат десетици илјади неидентификувани лица од војната и истанки на противниците на повоениот режим.