Претседателот на Шпанската фудбалска федерација (RFEF), Луис Рубиалес, најави големи промени во одигрувањето на националниот Суперкуп според кои бројот на учесниците ќе се зголеми на четири екипи, а би се играл во странство.
„Следниот Суперкуп ќе се игра во форматот ‘фајнал фор’ и ќе се одржи во странство“, рече Рубилаес.
Рубиалес на чело на RFEF дојде во март минатата година и веднаш го измени форматот на Суперкупот, па минатата година се одигра само еден натпревар и тоа на неутрален терен, наместо дотогашните два меча во кои секој од учесниците по еднаш беше домаќин.
Во Сперкупот, со кој традиционално започнува сезоната во Шпанија, досега се среќаваа првакот и победникот на Купот на кралот од претходнатра сезона.
Минатата година Барселона во марокански Танжер ја совлада Свилја со 2:1.