Шпанскиот Висок суд претвори двајца каталонски челници

Шпанскиот Висок суд нареди во понеделникот притворање на двајца каталонски сепаратистички челници додека се под истрага под сомнение дека подготвувале бунт.

Обвинителите тврдат дека Жорди Санчез, челникот на Каталонското национално собрание (ANC) и Жорди Суиксарт, челник на невладината организација Омниум Културал, биле клучните личности за планирањето на референдумот од 1-ви октомври кој шпанската влада го смета за нелегален. Тие се обвинети дека ги организирале и мобилизирале масовните протести пркосејќи им на шпанските власти пред каталонскиот референдум за независност, како и по неговото одржување.

Судијката Кармен Ламела утврдила дека овие двајца користеле интернет страници и социјални мрежи за да ги организираат протестите како дел од „сложена стратегија“ за да се поттикне движење кон независноста на Каталонија. Нивната способност да соберат маси се смета дека одиграла улога во непрекинатата и организирана граѓанска непослушност во Каталонија којашто ја турна Шпанија во сегашната политичка криза.

На началникот на каталонската полиција, кој одби да го изврши судскиот налог и да го спречи спроведувањето на референдумот за независност, му е одземен пасошот и мора секои петнаесет дена да им се јавува на судиите додека трае постапката против него, извести судот во Мадрид.

Началникот Жозеп Љуис Трапер објаснуваше пред судијката Кармен Ламела својата улога на 1-ви октомври кога автономната каталонска полиција мирно набљудуваше како населението гласа на референдумот. Полицајците одбија да ги запленат гласачките кутии во училиштата и центрите каде што се одржуваше референдумот кој го забрани шпанскиот Уставен суд.

Шпанското државно обвинителство побара притвор за Траперо, но судијката изјави дека сѐ уште нема доволно докази коишто го поврзуваат со полициската непослушност. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до десет години.

Истрагата е насочена и на однесувањето на каталонската полиција во текот на протестите во Каталонија на 21-ти и 21-иви септември откако ба приведени некои каталонски функционери поради подготовките за одржувањето на забранетиот референдум. Траперо изјави дека полицијата не реагирале бидејќи нејзината кација би предизвикала немири со тешки последици.

Освен на Траперо, пасошот му е одземени и на началничката на каталонската полиција Тереза Лаплана, којашто исто така под истрага.

Откако не реагираше каталонската полиција, надлежна за спречување на референдумот, започна операцијата на шпанската Национална полиција и на Цивилната гарда кои насилно затворија бројни избирачки места, однесувајќи ги гласачките кутии и одземајќи изборен материјал, при што поведија речиси илјада приврзаници на референдумот кои мирно неподвижно со телата го спречува нивното влегување во објектите.

Со сите пречки на референдумот гласаа 43 отсто од 5,3 милиони гласачи на 7,5-милионската Каталонија, од што 90 отсто се изјасниле за воспоставување независна република Каталонија.