Кошаркарите на Сан Антонио Спарс со вториот пораз во две вечери по ред во Лос Анџелес го загрозија продолжувањето на своето 20-годишно последователно настапување во доигрувањето во НБА лигата, по тесниот пораз од 110:113 од Клиперс вечер порано во средата во „Стејплес центар“ загубија и од Лејкерс и тоа со 112:122 по продолжувањата.
Лејкерс до победата можеа да дојдат и пред продолжувањето, но Џош Харт промаши лесно положување на самиот истик од времето. Сепак, во дополнителните пет минути домашните до победата ги водеше дебитантот Кајл Кузма кој погоди „тројка“ и полагање за водство од 113:108. До крајот на продолжението Лејкерс побегнаа на 10 кошеви разлика.
Кузма со 30 поени го оствари својот најдобар напаѓачки ефект во кариерата, додкеа Кенатвиус Колдвел-Поуп додаде 21 кош за победниците. Кај Спарси најефикасни беа Ламаркус Олдриџ со 35 поени и 9 скокови, и Деџунте Мареј со 23 погодоци и 10 скокови.
По неуспешнот излет во Лос Анџелес, Спарс паднаа на сооднос на победи и порази 45-34 и моментално го делат петтото место во Западната конференција со Оклахома Сити Тандерс, но многи блиску се и Минесота Тимберфолс и Њу Орлеанс Пеликанс со по 44-34 и Денвер Нагетс и 43-35 и ЛА Клиперс со 42-36. Во борбата за доигрување се и четвртите Јута Џез со 45-33. Од споменататите седум екипи, пет ќе се пласираат во плеј-офот. Лејкерс со сооднос 34-44 се 11-ти на Западот и сигурно нема да се пласираат во доигрувањето.
Спарс последен пат го пропуштиле плеј-офот во сезоната 1996/97. Потоа на драфтот го избраа Тим Данкан со кој освоија пет титули во 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година и уште днаш во 2013-та играа во големото финале. Данкан се пензионираше на крајот од сезоната 2015/16-та, а серијата пласмани во доигрувањето беше продолжена и во првата година без него, но во втората постои голема можност да биде прекината.
Орландо Меџикс ја оствари втората победа во две вечери совладувајќи ги на свој терен Далас Маверикс со 105:100. Еден од пресудните кошеви на мечот ги погоди Марио Хезоња кој на минута и пол до крајот постигна кош за водство на Орландо од 99:96 кое повеќе Далас не го стаса. Најефикасен кај Меџикс беше Арон Гордон со 20 поени, додека Џејлен Џонс со16 кошеви ги предводеше Мавериск кои настапија без Дирк Новицки, Харисон Барнс и Весли Метјус.
И Орландо со соодносот 24-54 и Далас со 24-55 одамна ги загубија изгледите за доигрување.
Филаделфија 76ерс ја продолжија победничката серија со 12 успеси со ред со 115:108 победата на гостувањето кај Детроит Пистонс, Сиксер настапија без Џоел Имбид поради повреда на окото, но во Детроит се истакнаа Џеј Џеј Редик со 25 и Марко Белинели со 19 погодоци. Кај Пистонс, кои ја прекинаа низата од пет победи со ред и со кој така останаа теоретски останаа без изгледи за плеј-оф, најдобри беа Ентони Толивер со 25 и Андре Драмон со 13 кошеви и 15 скокови.
Сиксерс со оваа победа се израмнија со Кливленд Кавалирс на третото место во Источна конференција, двете екипи имаат сооднос од 48-30 и најверојатно нивниот меѓусебен дуел во петок во Филаделфија ќе одлучи кој во доигрувањето ќе оди од третата а кој од четвртата позиција. Пистонс паднаа на 37-41 и веќе не можат да ги достигна Милвоки Бакс кои со сооднос 42-36 се на осмото место на Истокот.
Торонто Репторс практично го обезбедија статусот на први носители во Источната конференција во доигрувањето со домашната победа од 96-78 против своите единствени конкуренти за оваа позиција Бостон Селтикс. Во мечот во кој доминираа одбраните, Репторс до победата ги водеа Демар Дерозан со 16 и Серж Ибака и Фред Ван Вилет со по 15 кошеви, додека кај Селтикс кои имаа слаба вечер во обидите за „тројка“ најефикасни беа играчите од клупата Маркус Морис со 21 и Грег Монро со 17 поени. Гостите од Бостон, кои играа без Кајри Ирвинг и Маркус Смарт, погодија само 3 „тројки“ од 22 обиди.
Водечкиот Торонто сега има сооднос 56-22, додека вториот Бостон има 53-25. Бидејќи до крајот на фазата по дивизии двете екипи треба да одиграат по уште само четири натпревари, само уште теоретски може да се случи да ги заменат позициите на табелата.