
Рецептот е мошне прост, а средството што ќе го добиете можете да го употребите за отстранување на било какви дамки.
Најважно е дека, ова средство не содржи никакви хемикалии што би можеле да предизвикаат алергиска реакција на кожата кај децата и кај возрасните.
Состојки:
- 1 филџан превриена вода,
- Половина филџан сода бикарбона
- Половина чаша хидроген (3%)
Подготовка:
Истурете превриена вода врз сода бикарбоната. Почекајте да се олади и содата во целост да се раствори, а потоа додадете хидроген. Промешајте се добро и ставете го во шише со прскалка и вашето средство за отстранување дамки е готово.
Испрскајте ги дамките и оставете да дејствува неколку часа. Доколку се работи за постара дамка, потопете ја ткаенината во средството и оставете да преноќи.