Кинеските спасувачи извадија 11 рудари по 14 – дневна блокада. Како резултат на експлозија на 10 јануари во провинцијата Шандонг, 22 работници беа заробени на длабочина на околу 600 метри. Еден рудар е починат, додека за другите 10 сè уште не се знае. Повеќе од 600 луѓе работеа за да ги извлечат заробените рудари.