Крајбрежната служба на Грција, рано утрово спасила 74 мигранти, во морскиот дел на 10 наутички милји југоисточно од грчкиот остров Гавдос.
Мигрантите со брод на крајбрежната служба биле пренесени на Крит и се во добра здравствена состојба, а според грчките медиуми мнозинството се од Египет, а меѓу нив има и деца. Локалните медиуми од Крит коментираат дека спасувачката акција е кусо пред посетата на островот на министерот за миграција и азил Димитрис Керидис.
Малиот остров Гавдос се наоѓа јужно од Крит и е најужна точка на Грција.