Припадници на будванската Служба за заштита и спасување утринава спасиле осум момчиња и девојка од Нови Сад кои ноќта ја поминале на карпа во населбата Марковиќи, над Будва.
Пожарникарите, како што пишуваат „Приморски новини“, акцијата за спасување ја започнале околу пет часот, а на непристапната карпа се качиле со јажиња.
Во текот на целатa ноќ, пожарникарите дежурале на терен и биле во контакт со туристите кои вчера тргнале по авантура, не надевајќи се дека животот ќе им биде доведен во прашање.