Спасени уште четири деца од Там Луанг

Спасувачките екипи денеска извадија уште четири деца од пештерата Там Луанг во Тајланд, па досега се спасени осум од 12 деца, фудбалери кои се заглавени во пештерата веќе десетина дена заедно со својот тренер. Акцијата се одвива по планот, кој предвидува децата да се извлекуваат во групи, па последните деца и тренерот би требало да бидат  спасени утре.

Спасувачите влегуваат во пештерата со боци со кислород и маски за децата, кои потоа ги извлекуваат со помош на јаже кое минува низ кривулестите и тесни канали во вупна должина од  над четири километри.

Првото дете денеска било извадено околу 17 часот по локално време, а другите три беа излечени до 19 часот.

Четирите деца кои беа извлечени вчера од пештерата се опоравуваат в болница, каде им се придружија и четворицата нивни другари спасени денеска.

Еден од членовите на семејствата на момчиањта за Си-Ен-Ен изјави дека родителите засега не знаат кои деца се спасени од пештерата, а кои се уште се наоѓаат во неа.

Кризниот центар кој раководи со спасувачката операција информира дека нема да ги соопшти имињата на извлечените деца, „од почит кон семејствата на момчињата кои се уште се наоѓаат во пештерата“.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

Во операцијата за извлекување на децата учествуваат 90 нуркачи, од кои 40 Тајланѓани и 40 странци. За подготовка на секоја следна етапа од спасувачката операција се потребни по околу 10 часа.