Спасеновски освои бронза на Европското првенство во Турција

Македонскиот каратист Петар Спасеновски се закити со бронзениот медал на Европското првенство во Газијантеп, Турција откако денеска го совлада домашниот натпреварувач Мурат Оз.

Членот на КК Макпетрол до медалот во категоријата до 84 килограми стигна со вкупно четири победи од пет борби. Единствениот негов пораз беше во полуфиналето од Хрватот Енис Гарибовиќ со 0-3.

Македонија може да освои уште еден бронзен медал на континенталниот турнир, бидејќи Вероника Костовска треба да се бори со Французинката Лаура Сиверт