
-Еден од првите проекти кои се воведоа преку АМС беше воведувањето на стипендиите за млади спортисти до 20 години. Вкупно секоја година доделуваме по 500 стипендии,кои за 10 месеци добиваат 20% од пресечна плата. Во изминатите 10 години се доделени околу 3804 млади,талентирани врвни спортисти биле стипендирани од АМС, за што се издвоени преку 2,5 милиони евра, рече Спасески.
За докажаните спортисти кои во минато не добивале спортска грижа состојбата е подобрена со воведување стипендија од меѓународни и светски категории што претставува вистинска стимулација за спортистите.
Спасески посочи дека 37 спортски великани од Македонија се носители на спортски пензии.