Спасов: Гласачкото тело е разочарано од корупција и криминал

Никола Спасов од Агенција „Рејтинг” во емисијата “Заспиј ако можеш” на телевизија Алфа изјави дека гласачкото тело е разочарано од корупцијата и криминалот, така да ветувањата за поголеми плати од 500, 600 евра нема да го мобилизираат.

-Така да, останува работата да очекуваме некоја работа што може да доведе до поголеми тектонски пореметувања. Ако не се случи тоа, не очекувам некои поголеми драматични случувања. Дури и бомбите, ете ги изнавидовме сите, може да, ќе имаат свој ефект, но јас ете не очекувам многу од тоа. Бомбата „Рекет” беше термонуклеарка која што ја девастираше последната клетка во правосудството, дециден е Спасов.