Спасов кој преку Рејтинг од СДС извади милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Спасов кој преку Рејтинг од СДС извади 1 милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Очајниот ПР на СДС кој го пробива секое дно, кој се претвори во плукање до дехидрирање го води Спасов и неговата агенција Рејтинг, кои изминативе години од власта на СДС земаа 1 милион евра во тендери. Спасов си ги доодработува и дозволите за изградба на фотоволтаици, бизнис кој СДС го делеше меѓу своите најблиски, како Ковачевски, Заеви и други видни функционери. Не е чудо зошто СДС не само што продолжува по истиот лош пат, туку и нема срам за се што направи, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со Спасов и Рејтинг, СДС може комотно да очекува пад на бројот на пратеници на следните избори, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.