– Очекуваме овој проект и во наредните некоклу месеци да продолжи да го зголемува бројот на отворени работни места, да влијае на развојот на македонските компании особено со оглед на фактот што најголемиот број корисници на оваа мерка се малите компании со пет до десет вработени, да им помогне да го прошират бројот на вработени. Очекуваме тој да влијае и на намалување на невработеноста со оглед на фактот дека само за неколку месеци се отворени околу 3.000 нови работни места, рече Спасов при посетата ма општина Могила.