Убиецот на Мертин Нешковсли, специјалецот Игор Спасов, за кој Нетпрес објави дека е пуштен дома во Штип мора да се врати на издржување на затворската казна во затворот „Идризово“ на 6 август годинава, информираа од Управата за извршување на санкции. Осуденикот бил пуштен дома на лекување заради дијагностицирање на влошена здравствена состојба.
Поради сомневање за влошување на здравствената состојба, на барање на КПД Идризово, по претходно доставена молба од осудениот и приложена медицинска документација, на осудениот му се одобрува прекинот на казната од 22.06.2018 до 07.07.2018 година. Во медицинскиот наод, е наведено дека актуелната здравствена состојба кај осуденото лице се следи суспектен наод на липоматозна туморозна формација која дијагностички треба да се потврди, а заради која прекинот на казната е одобрен. На 05.07.2018 година, Основниот суд Штип го извести КПД Идризово дека на барање на осудениот, на истиот му се продолжува прекинот на казната, и осудениот ќе се врати на доиздржување на казна затвор во КПД Идризово на 06.08.2018 година, велат од Управата.
Тие објаснуваат дека барањата на осудените лица или на казнено-поправните установи кои се однесуваат на влошена здравствена состојба или потреба од клинични испитувања, се предмет на одобрување на прекин на казната од страна на Управата за извршување на санкциите и надлежните судови. Прекинот на издржување на казната не се засметува во издржаниот дел на казната.
Со почит,