Спасовски: Берлинскиот процес можност за размена на информации за интензивирање на борбата против илегалната миграција

 Настаните како Берлинскиот процес се одлична можност за неформални средби со колегите министри од соседството и од регионот, а со цел размена на информации и иновации во насока на интензивирање на борбата против илегалната миграција, организираниот криминал и корупцијата…

Ова го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Безбедносните закани наложуваат и нови форми на соработка и дејствување на регионално и на меѓународно ниво, преку координирана акција и градење на заедничка безбедносна стратегија, објави Спасовски.