
Оливер Спасовски наместо да се оградува од постапката за убиствата на Панче и Вања, треба да одговори зошто МВР не презела акција за пронаоѓање на возилото на Панче, истиот ден кога добиле пријава дека е исчезнато, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на министерот Спасовски за Канал 5.
-Спасовски не кажа зошто МВР три дена не реагира и дозволило возилото на убиениот Панче со кое е киднапирана Вања да се движи низ Скопје.
Спасовски треба да се соочи со фактот дека МВР можела да го пронајде возилото на убиениот Панче уште на 24-ти ноември, кога за прв пат истото влегло во Скопје, а е регистрирано од системот „Безбеден град“.
Доколку Спасовски уште на 24-ти распишел централна објава по возилото тоа ќе било пронајдено и исклучено од сообраќај, убијците на Панче фатени, а до убиството на Вања воопшто немало да дојде.
Спасовски наместо да шири демагогија, да понесе одговорност.