Спасовски е неспособен и криминоген

Материјалите околу аферата ги имав веќе неколку месеци и тоа ми беа доставени од свиркач и го повикувам министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, подготвен сум да одговарам за како што тој вели саботажа, да ме суди веднаш, нека го покаже лицето од тие коишто се таму приведени и обвинети со доказ, не со исказ, посочи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски, одговарајќи на изговорите на министерот Спасовски, дека наводно со објавување на аферата во јавноста наводно ја саботирал наводната истрага, понуди да биде прегледан неговито телефон, и откривајќи дека е следен од власта точно знаат каде се движи и повика да докажат дека јас мал каков и да е контакт со тие луѓе таму.

„Подготвен сум веднаш тие да бидат сите ослободени, а јас да одговарам за саботажа. А, во спротивно да се извини. За тоа што е неспособен, криминоген и треба веднаш да замине од таа позиција и да одговара, и да престане да ја лаже македонската јавност“,

Мицкоски додаде дека не е битно кој му ги доставил документите, и повтори дека неколкупати претходниот период  истакна дека документите потекнуваат од свиркач.

„Чекавме да луѓето од МВР достават односно да почнат со оваа акција. Што чекаа они? Или чекаа да заврши оваа акција како што заврши „Планина“ или како им се викаше онаа „Висорамнина“ што претходно ја направија? Така сака и оваа акција да им заврши“, запраша Мицкоски.

Посочи дека власта греши што се обидува јавноста да ја прелаже со тоа дека виновниците за оваа афера се обични службеници.

„И што сакаат да нѐ убедат сеге дека оние луѓе коишто земаат таму отисоци од прсти и сликаат, се тие виновниците? Дека овој Јован Вукотиќ којшто обезглавувал луѓе и е дел од Шкаљарскиот клан и којшто треба сега да одговара за неколкукратно убиство дошол тука, тропнал на врата таму кај што се слика за документи и тие го сликале. Како не доаѓачле криминалците, има докази дека доаѓале. А, тоа е уште потрагично дека криминалците од други земји земале документи, тој признава недостатоци во своето работење како министер“, рече Мицкоски.

Укажа притоа дека не е системски пропуст да ти дојде во земја половина балканска мафија и да земе лични документи.